"Бучим" да прави златни прачки за Народната банка

Bez autora
May 16 2013

Целото злато што го произведува рудникот Бучим" преработено во прачки монетарно злато да завршува во девизните резерви на државата во Народната банка на Македонија, се бара со најновите измени на Законот за минерални суровини што ги подготви Министерството за економија. Со овие измени и дополнувања, освен на Бучим" им се дава обврска на сите рудници за метал да произведуваат готови производи. Асоцијацијата за рударство при Стопанската комора на Македонија ја поздравува идејата со која се мотивираат рудниците да произведуваат со повисок степен на доработка, но велат дека е неизводлива, бидејќи во Македонија веќе нема металуршки капацитети кои би ги доработувале концентратите што тие ги произведуваат.

"Бучим" да прави златни прачки за Народната банкаЦелото злато што го произведува рудникот Бучим" преработено во прачки монетарно злато да завршува во девизните резерви на државата во Народната банка на Македонија, се бара со најновите измени на Законот за минерални суровини што ги подготви Министерството за економија.

Со овие измени и дополнувања, освен на Бучим" им се дава обврска на сите рудници за метал да произведуваат готови производи. Асоцијацијата за рударство при Стопанската комора на Македонија ја поздравува идејата со која се мотивираат рудниците да произведуваат со повисок степен на доработка, но велат дека е неизводлива, бидејќи во Македонија веќе нема металуршки капацитети кои би ги доработувале концентратите што тие ги произведуваат.

- Дел од предложените измени се суштински, но едно е желбата, а друго се практичните можности. Со една од измените се бара да има поголем степен на финализирање на металите до готов производ. Тоа е логично, зашто на тој начин ќе се зголеми и реализацијата и извозот од Македонија, Конкретно, се бара златото да се стави на располагање на Република Македонија, односно на Народната банка, како готов производ. Тоа ќе биде тешко изводливо, зашто ниту еден од преработувачите на метални руди во кои се содржат злато и сребро нема можност за финална доработка. Тоа е и наша заложба, но ќе оди тешко, зашто ние немаме металуршки комплекси, а тие што ги имавме не работат - вели првиот човек на рудникот Бучим", Николајчо Николов, претседател на Асоцијацијата.

"Бучим" годишно произведува по 400 килограми злато. Во минатото, кога бил во државна сопственост, златото го продавал на НБРМ по речиси двојно повисока цена од берзанската, со што државата му помагала на рудникот.

- Тогаш релациите биле поинакви и двете страни имале државен интерес. Денес државата не е подготвена да плати повеќе од берзанската цена, а Бучим" не е подготвен да продаде по пониска цена од берзанската - вели Николов.

Ниту еден македонски рудник за метали нема финален производ. "Бучим" произведува бакарен концентрат кој има 21% бакар, што е петпати помалку од готовиот бакар, како и катоден бакар, а рудниците за олово и цинк Саса" и Злетово" произведуваат 60 до 70 процентен концентрат. За да се добие финален производ, не само што нема капацитети во државата, туку и како што смета Николов, според количеството на суровини што се произведуваат во државата, многу тешко ќе може да се отворат економски оправдани објекти.

- Од друга страна, се работи за приватизирани рудници. Бучим" продава бакарен концентрат во кој има бакар и злато. Не можеме да го условуваме купувачот да го задржи бакарот, а да ни го врати златото. Се зборува дека во резервите во НБРМ има бучимско злато, но тоа не е така, зашто кога се продава концентратот, не се знае дали вратеното злато е од "Бучим", или можеби од Јужна Африка - објаснува тој.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik